Струга, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нема повредени лица во пожарот кој денеска избувна во Безистенот во центарот на Струга.
Во санација на пожарот кој бил пријавен околу 10:00 часот учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга со десетина пожарникари и четири возила.
Според првични и неофицијални информации, пожарот не бил подметнат. Безистенот во Струга функционира како отворен трговски центар во кој се сместени угостителски објекти, бутици, менувачници.
Причините за настанувањето на пожарот до овој момент се непознати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: принтскрин/Никола Кукунеш
Прочитано: 115