Охрид, 15. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Древниот Охрид и неговата околина се вечна инспирација за сите кои живеат на овие простори и постојано се обидуваат таа неповторлива убавина да ја овековечат преку фотографии и видеа.
Охриѓанецот кој на социјалните мрежи се претставува како Бате Џоле, заедно со Бошко Мурџоски, минатата година снимаа дел од зимските убавини на Галичица и Јабланица.
– Уживајте во прекрасните зимски пејсажи на Галичица и Јабланица, од каде има феноменален поглед на Охридското Езеро. За подобро искуство гледајте во максимална резолуција, порача Бате Џоле во објавата на видеото кое го нарече To the top (до врвот) на неговиот YouTube канал.
За Супер радио и OhridPress вели дека видеото е снимано на две локации, на Јабланица – врв Чума и на Галичица – на Петрино во март 2021 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Бате Џоле