Струга, 17. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 69-годишниот З.Ч. од Република Австрија во Полициската станица Струга пријавил кражба во подрумска просторија, што била во негова сопственост.
Имено, непознат сторител, во периодот од летните месеци од 2016 година до 13-ти јули оваа година со употреба на тврд предмет влегол внатре и извршил тешка кражба одземајќи, велосипед, два телефони, мини шпорет и поголема количина разновиден алат и други предмети, во вредност од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 43