Охрид, 29. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви јули годинава се спроведува новиот правилник т.е критериум за пресметување на сметководствените услуги донесен од страна на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Од Здружението на сметководители од Охрид го известува бизнис секторот и сметководителите кои се со седиште на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца дека доколку не се спроведе новиот правилник, за тоа ќе биде информирана дисциплинската комисија на Институтот.
Инаку, ставот на охридското Здружение на сметководители е дека со новиот тарифник ќе се реши најголемиот проблем со кој се соочуваат низ годините, а тоа е нелојалната конкуренција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 64