август 12, 2019

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сеуште не е локализиран пожарот кој избувна вчера кај месноста „Бајам“, во атарот на селото Велмеј.

Локалните жители го пријавиле во охридската територијална противпожарна единица. Оттаму за Супер радио и OhridPress велат дека по дојавата веднаш интервенирале, но не се знае точното време кога избил пожарот. Локалитетот сеуште гори, а ветерот може да ја отежни ситуацијата.

Image may contain: cloud, mountain, sky, outdoor and nature

Image may contain: mountain, outdoor and nature

Според информациите од локалното население на овој потег има над 300 улишта од пчели, а успеале да спасат 30-40. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука