април 4, 2017

Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро е за 18 сантиметри над дозволениот минимум, покажува неделната хидролошка состојба, спроведена од Хидролошкото одделение на Управата за хидрометеоролошки работи.

Додека водостоите на реките во Македонија се под просекот за април. Потпросечни се нивоата на дел од реките во охридско.

И понатаму драстично понизок од просекот е водостојот на Црн Дрим кај Ложани.

Од УХМР појаснуваат дека дното на реките е променливо и тоа се менува во зависност од брзината на течењето на водата. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука