Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,65 м.н.в што е за 7 сантиметри над просекот за јули (693,58 м.н.в) и за 55 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е нешто над просекот за овој период (22,8) и изнесува 23. степени целзиусови.
Веќе подолг период наназад хидролошката состојба на Охридското Еезро е на задоволително ниво.
Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Денеска ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР