ноември 1, 2021

Охрид, 1. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е на само еден сантиметар над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото е на кота од 693,11 м.н.в што е за 15 сантиметри пониско од просекот за ноември (693,26 м.н.в).

dnevna

И додека на Охридското Езеро по кејот „му се бројат коските“, а од Билјанините извори и понатаму не тече вода, скоро сите порти на истекот во Струга деновиве се отворени.

Сите порти во Струга отворени, Охридското Езеро денес на само +3 см над дозволениот минимум

Температурата на езерската вода денес е 13,5 степени, што е за 0,7 степени над ноемврискиот просек.

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– Утре ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука