Охрид, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е под просекот за овој период од годината.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,53 м.н.в што е за 4 сантиметри под просекот за април (693,57 м.н.в) и за 43 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 13 степени, што е за 2,7 степени повисока од вообичаената за овој период од годината.
Повеќе од еден месец водостојот е во постојан раст, но сепак не е достигнат просекот за април. Последнава недела нивото се покачило за еден сантиметар.
Во Охрид денес претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР