Охрид, 3. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму е под просекот за месец февруари.
Според денешните мерења езерото е на котата од 693,29 метри надморска височина што е за 12 сантиметри под просекот за февруари. Температурата на езерската вода е 7.0 степени.
Времето денес во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
– До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР