ноември 9, 2021

Охрид, 9. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро повторно е на само два сантиметри, иако изминативе неколку дена беше на три сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото е на кота од 693,12 м.н.в што е за 14 сантиметри пониско од просекот за ноември (693,26 м.н.в). Температурата на езерската вода е 14 степени, што е за 1,2 степени „потопла“ од ноемврискиот просек.

Нема опис за фотографијата.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, управа хидрометеоролошки работи неделна хидролошка реките природните езера во 07:30 табела станица легуновце скопје вардар 56 75 59 05.11.21 40 142 46 46 73 40 104 68 треска 48 73 50 02 45 110 6 66 83 пелинце 94 02 берово- брегалница 60 63 65 64 струмица 50 38 55 40 60 38 31 111 38 34 36 32 34 31 115 -5 48 29 ΜΗΜ 146.76 146.77 нд табела 146.78 гемпературин вода 7:30 693.13 охрид 13.2 693.13 12.5 изработил: гм преспанско езеро- дозволениот минимум 693. 14.0 одобрил:вс в.ддиректор, муртезанов надвор редовниот обработка корекција влиание“

И понатаму на Охридското Езеро по кејот „му се бројат коските“, а од Билјанините извори и натаму не тече вода.
Охриѓани подолг период се со став дека ова се должи на неконтолираниот испуст за производство на струја на реката Црн Дрим, од со став дека одговорно управуваат со испустот, а екологистите предупредуваат за еколошка катастрофа.

Состојбата со нискиот водостој трае веќе подолг период. Ваков случај имавме и минатиот ноември, кога водостојот беше на 693,10 м.н.в, а речиси пола декември беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.

Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

– Следува период на претежно стабилно време, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука