Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридско Езеро е девет сантиметри над дозволениот минимум, соопшти Хидролошкото одделение на Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата на водата измерена во 7:30 часот на изнесува 10 степени.
Според неделната хидролошка состојба, и понатаму пониско е нивото на Црн Дрим кај Ложани, кое се движи меѓу 36 и 40 сантиметри наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри.
Од УХМР појаснуваат дека дното на реките е променливо и тоа се менува во зависност од брзината на течењето на водата. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива
Прочитано: 33