јуни 30, 2019

Охрид, 30. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на IKAR Hut, денес во Лагадин ќе се одржи „Никогаш Засекогаш“ – In City инсталација изработена од отпад од Охридското Езеро.

– Станува збор за инсталација во простор и ликовен перформанс на уметниците Скот и Лиан од Ванкувер, Канада, кои месецов творат во IKAR Hut, како дел од програмата за ликовни резиденции „Resartis“. Инсталацијата е изработена од природни материјали и отпад најден на брегот на Охридското Eзеро. Дојдете и бидете и вие дел од овој интерактивен настан, порачуваат организаторите.

Стартот е закажан за 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука