Мадрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Раководството на Реал Мадрид ја засили потрагата по нов дефанзивец кој би го пополнил местото во тимот што ќе настане по заминувањето на Пепе.
Според аргентинскиот весник „TyC Sports“, најголема желба на претседателот на клубот Флорентино Перез е Николас Отаменди.
Се очекува управата на Реал Мадрид да понуди 30 милиони евра за услугите на Отаменди, кој и самиот изразил желба за враќање во Примера дивизион. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16