април 4, 2022

Охрид, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Магистрирал на архивистика, а вели дека историјата ја засакал уште од мали нозе, живеејќи во семејната куќа во близина на Античкиот театар. Според него, луѓето секојдневно се среќаваат со архивистиката, свесно или несвесно. Секој дома чува дел од сопствената или семејна историја, преку фотографија или документ. Сето тоа на поедноставен начин преставува архивистика, дури и начинот на кој се чува тој документ или фотографија е архивистика, вели Митровиќ. Тој и понатаму неуморно работи за да остави многу нови факти за историските настани и личности во Охрид и Република Македонија, сега како прв човек на Историски архив – Охрид.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: George Michael со Freedom, Lenny Kravitz со Believe in me и Marc Cohn со Walking in Memphis.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Митровиќ- Бабе падна на Калиопи со „Кога проклето ти требам“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука