април 18, 2022

Охрид, 18. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски нуркач Никола е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Љубовта кон чистиот и убав Охрид во комбинација со нуркањето и ангажманот во Нуркачкиот центар „Акватек“ е она по што најчесто го препознаваат охриѓани. Остар на јазик кога го брани Охрид од сите можни и неможни напади кон него, пред се’ од неодговорните меѓу нас кои го загадуваат, фрлаат ѓубре на сите страни, градат, рушат, уништуваат… Зад себе има неброени ЕКО акции за чистење на Охрид, брегот, а особено на дното на Охридското Езеро.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Fabric на Black Seeds, Better days на Black Seeds и Jбг на Mарчело.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Паскали падна на Тони Зен со „Вистина“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука