Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како и досега, ќе продолжиме да работиме за создавање на услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучувањето во општините. Работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и целосна интеграција на лицата со посебни потреби во општеството, рече на денешната прес конференција Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Тој најави отворање на канцеларија за лица со посебни потреби во рамки на локалната самоуправа, каде ќе бидат вработени лица од оваа категорија кои се работноспособни.
– Воведуваме мобилност и пристапност до сите општински и образовни институции, прилагодлива инфраструктура и пристапни патеки, поддршка на семејства на деца со пречки во развојот. Ќе продолжиме со прогрмата за образовни асистенти, кои ќе овозможат вклучување на што е можно повеќе деца со пречки во развојот редовно форми на предучилишни и училишни програми. Продолжуваме со поддршка на постоечките дневни центри за лица со попреченост и ќе отвориме нови центри. Обезбедуваме нови и соодветни просторни услови и опрема. Исто така ќе го зголемиме бројот на вработени негуватели и воспитувачи во центрите, истакна Николески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива