Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Александар Николовски е еден од тројцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, додека Кирил Пецаков е нов член на Извршниот комитет на партијата.
Новиот Извршен комитет е избран по предлог на претседателот Христијан Мицковски, а во него покрај Пецаков се е претседателите на општински комитети од Штип Иван Јорданов и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.
– Континуираната работа во партијата од најмали нозе до ден денеска, посветено, чесно и искрено ме донесе денеска да бидам официјално дел од новиот ИК НА ВМРО-ДПМНЕ, што ме прави особено горд и среќен, а воедно ми претставува чест и предизвик да бидам дел од тимот на Претседателот Мицкоски. Честитки и за изборот на сите ченови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија била и останува нашата единствена заложба, порача Пецаков по изборот.
Во ИК влегуваат и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива