Скопје/Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје-Кичево-Струга-Охрид, коридорот 8 познатата „Стража“, порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.
– Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите, изјави Николоски.
На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:
– Најсликовито сите што патуваат, значи од третата патарина продолжува до Гостивар или четвртата патарина и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Вардар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во предселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, изјави министерот Николоски.
Во своето обраќање премиерот Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после 2 години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.
Директорот на ЈП за джавни патишта Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива