Николоски: Следните месеци ќе започне реконструкцијата на терминалната зграда на охридскиот аеродором
јануари 5, 2025

Скопје/Охрид, 5. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Следните месеци реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски за Тв Сител.

Тој потсети дека Туркиш ерлајнс ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања.

На овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвора можности за развој на туризмот. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега сме поврзани со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродроми со најмногу конектинг летови.

Сменетиот модел на субвенционирање по патник во доаѓање се очекува да донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука