Акапулко, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вториот рекет во светот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко, тој загуби од Ник Киријос со 6-7, 5-7.
Австралиецот постигна уште една голема победа во кариерата против тенисери од врвот на АТП листата, во минатото тој успеа да го победи против Рафаел Надал и Роџер Федерер.Киријос имаше 25 ас сервиси, а во целиот меч на противникот му дозволи само една шанса за брејк, која Ѓоковиќ не ја искористи.
Киријос во полуфиналето ќе игра против американецот Сем Квери а вториот полуфинален пар е Марин Чилиќ-Рафаел Надал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17