Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската стрелачка Нина Балабан од Сојузот на спортови – Охрид, е прогласена за најдобар спортист на градот за 2016 година.
Балабан, благодарение на нејзините успеси, ова престижно признание го доби и во 2013 година.
Доделувањето на признанијата за најдобрите спортисти во Охрид, поединечно и екипно, ќе биде утре, 8-ми февруари, среда, со почеток во 13:00 часот во големата сала на Општина Охрид.
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид и ракометниот клуб Охрид се избрани за најдобри клубови за минатата година. Постхумно ќе биде доделена посебна награда на професорот Влатко Димитров. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 100