Лондон ,3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата во однос на второпласираниот Роџер Федерер, и покрај поразот во финалето на турнирот во Дубаи.Србинот сега има 13.165 бода, односно 3.960 повеќе во однос на Роџер Федерер.
По триумфот на турнирот во Буенос Аирес, Рафаел Надал го мина Британецот Енди Мареј и се врати на третата позиција.Мареј падна на петтото место, а пред него сега е и Кеи Нишикори, кој за прв пат во својата кариера е во топ пет тенисери во светот.
Милош Раониќ е на шестата позиција, Станислас Вавринка е седми , Давид Ферер сега е осми, додека Томаш Бердих е на деветтото место, а меѓу првите десет е уште и Марин Чилиќ.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21