Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – И годинава, нова генерација млади лебеди ги разубави водите на Охридското Езеро.
Тие деновиве се вистинска атракција по најатрактивниот дел, по кејот на езерото, каде екипата на OhridPress „улови“ еден млад лебед, кој во присуство на постарите уживаше во езерските води.
Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион.
Како главни причини за намалувањето на нивниот број се наведуваат загрозувањето на нивните живеалишта во природата, но и огромното влијание на човекот врз животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 76