Охрид, 8. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – И годинава, нова генерација млади лебеди ги разубави водите на Охридското Езеро.
Во присуство на родителите, тие се вистинска атракција по најатрактивниот дел, по кејот на езерото, но и во каналот „Студенчишта“.
Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион.
Како главни причини за намалувањето на нивниот број се наведуваат загрозувањето на нивните живеалишта во природата, но и огромното влијание на човекот врз животната средина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Супер радио
Прочитано: 64