јули 24, 2019

Охрид, 24. март 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски Лепи објави ново видео на кое ги прикажува убавините на Охридското Езеро и живиот свет во него.

На истото се гледа охридската слатководна краба, која се’ почесто може да се сретне во езерото.

– Најновото видео е снимено кај „Парк“, според информациите кои ги имаме, ги има секаде, но најмногу можат да се сретнат кај струшки „Елен камен“, вели Лепи за Супер радио и OhridPress и ни’ испрати уште едно видео, снимено токму на оваа локација.

Охридскиот слатководен рак и крабата пред речиси две и пол децении скоро комплетно исчезнаа од крајбрежниот дел на Охридското Езеро, а сега се враќаат пред се’ благодарение на почистата вода и самопречистителната моќ на езерото. Токму затоа, последниве години вистински украс на езерото се двата видови рак – Европскиот слатководен рак, кој може да се сретне насекаде во Охридското Езеро, и т.н крив рак кој наликува на морска краба. Се хранат со животински отпадоци, односно угинати животни. Најчесто можат да се најдат под камењата, а во одредени моменти, при недостиг на храна, знаат и да ја ловат истата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Љупчо Стојкоски Лепи

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука