Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти овој месец, сабота, со почеток во 20:00 часот, во под сцената на Народен Театар Охрид ќе се одигра нова епизода од театарската импровизација.
„Импровокација“ се случува на лице место пред очите на публиката и ништо не е претходно подготвено. Публиката активно учествува со предлози од кои веднаш актерите создаваат сцени.
Во новата епизода ќе учествуваат: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Ангеличин – Жура.
Билетите се продаваат во Музичката продавница „ЗЗ Топ“, по цена од 150 денари, додека на денот на настанот, по цена од 200 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17