јули 25, 2024

Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“ синоќа се одржа втората забава со Тиквеш и прекрасните вкусови на виното Luda Mara.

– Ова е вистинско „лудо“ лето со Луда Мара, Тиквеш и „Тамаро“ во Охрид – да го погледнеме светот во очи. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш. За летни авантури кои доаѓаат брзо како и брзиот тек на реката, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со екипата на Супер радио, уживаше со бројните купувачи во големиот маркет на „Тамаро“ во посебно уредениот дел во маркетот, посветен исклучиво на пијалокот на Боговите.

Заедно со охриѓани и гостите тој ги претстави вината на Тиквеш.

– Luda Mara Red Cuvée претставува купажа од сортите вранец, каберне совињон и гренаш кое плени со сочна разиграност, вкусови на капина, црна рибизла и зачински ноти во позадина и долготраен финиш. Luda Mara Temjanika е освежително вино со интензивни вкусови на зрели агруми и зелена слива, идеално сервирано на температура од 7 степени Целзиусови. Luda Mara Vranec Уживај во суво вино со полно тело и танини со вкусови на зрела вишна, црна рибизла и калинка. Долгиот и комплексен финиш сам ќе исцрта насмевка на твоето лице… Luda Mara White Cuvée Кога сакаш да ја почувствуваш свежината во топлите летни денови препушти се на оваа купажа од шардоне, совињон блан и виоње која во себе ги има аромите од лимета, грејпфрут, круша и бела праска, проследено со овошни цветови и тревни ноти, порача Жанко.

Посака секој момент поминат со чаша Luda Mara во раката биде исклучителен, да конзумираат одговорно и да учествуваат во наградната игра која започнува секој работен ден во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио и ќе трае до крајот на август.

– Треба само да го тагирате пријателот кој знае да ужива во пијалокот на Боговите и да го споделите постот. Ова лето Луда Мара ќе се влие во прекрасното Охридско Езеро. Заедно со омилените Temjanika и Vranec, ќе ги донесе и новите вина White Cuvée и Red Cuvée на Тиквеш, порача Жанко.

Следната забава со Луда Мара, Тиквеш и Тамаро во маркетот на улицата „АСНОМ“ е во среда, на 14-ти август 2024 година, со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука