Охрид, 9. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 14-ти октомври на репертоарот на Охридскиот народен театар е театарската импровизација „Импровокација“.
И во оваа трета сезона импровокатори се Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипровски. Во свој стил како што велат, оваа најнова епизода е закажана во прајм тајмот на изборниот молк.
„Импровокација“ ќе се одигра во подрумските простории на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот. Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во текот на неделава во музичката продавница Зи Зи Топ, а на денот на одржување на шоуто ќе чинат 200 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 37