Скопје, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 25-ти февруари во Младински културен центар, фоаје кино Фросина Скопје, ќе биде презентирана нова локална фриленс платформа за млади.
Hitlancer.com претставува онлајн платформа која што овозможува поврзување на компании или индивидуи (креатори на проекти) кои се во потрага по лица со одредени знаења и вештини (фриленсери) за нивно интелектуално ангажирање во определен временски период.
Фриленсерството како концепт на работа и заработување добро функционира во светски рамки. Согласно потребите на пазарот на трудот, во доменот на привремените ангажирања, Hitlancer овозможува правилно алоцирање на финансиските средства и мобилизација на компетентни лица.
Веб платформата Hitlancer e поддржана од страна на Американската Амбасада во Скопје и US State Department. Hitlaner.com го започнуваме претприемнички, а тимот во позадина беше формиран за време на првата Start-up Академија 2013/14 организирана од страна на Summer Work & Travel Alumni (SWTA) Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива