Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска и утринава регистрира повеќе земјотреси почувствувани од граѓаните на Охрид, Ресен и околината.
Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 10 километри источно од Охрид и потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.
Најсилни потреси:
• првиот, во 01:07 часот со Рихтерова магнитуда 3.2, и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
• вториот, во 04:32 часот со Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
• третиот, во 07:16 часот со Рихтерова магнитуда 3.0, и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
• четвртиот, во 07:18 часот со Рихтерова магнитуда 3.6, и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија информираат дека се регистрирани и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кој беа почувствувани со интензитет III степени според истата скала. (Крај)
извор: Телеметриска сеизмолошка мрежа на Република Македонија фото: архива