Скопје, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според информациите од УХМР, новиот посилен бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.
Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.
Според информациите за хидолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.
Координативното тело препорачува надлежните институции да бидат во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива