Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ако по стартот можеме да донесеме некој првичен заклучок, повеќе од јасно е дека во Општина Охрид ќе дуваат нови ветришта и дека е забележителен значителен исчекор во односите кон граѓаните и медиумите.
– Во име на новиот градоначалник на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски и новата локална власт сакаме да ја истакнеме и на овој начин важноста, која Вие како медиуми ја имате за правилното, брзо и навремено информирање на јавноста за работата на секоја локална самоуправа, предизвиците, но и проблемите со кои се сретнува истата во својата работа. Сакаме да напоменеме дека ќе бидеме секогаш отворени за Вашите потреби за добивање на квалитетна, точна и навремена информација, кој подоцна ќе ја пренесете до граѓаните. Ќе негуваме партнерски и колегијален однос со седмата сила, а одговорните во општината ќе Ви бидат на располагање за сите Ваши потреби, стои во пораката до медиумите од новото одделение за односи со јавност при Општина Охрид и првиот човек на истото Илија Пиперкоски.
Оваа јасна порака доаѓа само еден ден по експресната реакција по дојава на граѓаните за нелегална градба во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива