ноември 7, 2019

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Преку грант на Светска банка, општина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“.

Преку овој проект се набавија едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници.

Возилата денес официјално беа предадени на јавните претпријатија.

Вкупната сума за набавката на возилата изнесуваше 7.159.768 денари, од кои 807.082 денари беа учество на општина Охрид, а останатите се средства од Светска банка. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука