ноември 16, 2017

Охрид, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нови в.д директори добија уште две основни училишта, „Григор Прличев“ и „Христо Узунов“.

Со решение на градоначалникот на општина Охрид за директор во ОУ „Григор Прличев“ е именувана Офелија Петреска, која долги години вработена како педагог во ова школо.

Во ОУ „Христо Узунов“ старо ново име за в.д директор, поставена е Оливија Пирузева Јанева, која доаѓа од редот на вработените. Таа во два мандати беше прв човек на училиштето.

Се очекува во следните денови да бидат обелоденети имињата на директорите во средношколските центри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука