Скопје/Охрид, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Скопскиот и охридскиот аеродром ќе добијат нови метеорадари по 20 години.
Напредните метеоролошки системи ќе обезбедуваат квалитетни информации за временските услови до екипажот во авионите, аеродромите и до другите корисници. Проектот го спроведува Македонска навигација и е вреден 750 илјади евра. Договорот за опремата беше потпишан во декември 2015 година.
Со проектот ќе се набават нови АВОС/АТИС/ВОЛМЕТ системи за аеродромот во Скопје и еден АВОС-систем за аеродромот во Охрид.
– Постојните системи беа инсталирани во1996 година, а се наоѓаат во оперативна употреба од 1997 година. Со новите системи ќе се добијат современи метеоролошки системи од понова генерација, како и одржување на нивото на постојано метеорлошко обезбедување на воздушниот сообраќај, велат од Управниот одбор на „Македонска навигација“. (Крај)
извор: Дневник фото: архива