Фергусон, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Над 2200 војници од Националната гарда на САД излегуваат на улиците на Фергусон, за да се соочат со новите немири.
Преземените мерки доаѓаат по вчерашната ескалација на тензиите. Подметнувања пожари и грабежи го потресоа градот, откако судот одлучи да не покренува обвинение против полицаецот кој застрела црномурест тинејџер во август минатата година.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди насилството во предградието на Сент Луис и истакна дека сторителите треба да сносат одговорност за своите постапки.
Мирни демонстрации против одлуката на судот во Фергусон имаше и во Њујорк, Бостон и Лос Анџелес. (Крај)
извор: CNN фото: CNN
Прочитано: 21