октомври 16, 2019

Охрид, 16. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започнаа работни активности за промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Елшани и на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца.

Овие инвестиции се предвидени во ремки на Годишната програма за образование за 2019 година. За објектот во Елшани, од општинскиот буџет се наменети 951.608 денари, а за училиштето во Лескајца 3.239.482 денари.

Во текот на наредните денови се очекува да започнат и работни активности за промена на покривната конструкција на ОУ „Христо Узунов“ во вредност од 4.109.512 денари и промена на покривната конструкција во подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука