Добрич, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На меѓународниот турнинр во сала „Академик „ кој се одржа во Добрич , Бугарија на 11ти Февруари 2015 , во склоп на тековните подготовки , учество зедоа Македонските Репрезентативци , предводени од селекторот на Атлетската федерација на Македонија проф. Влатко Димитров.
Тие остварија одлични достигнувања и успеа да освојат 3 медали, сребрени медали за Ристе Пандев на 60 метра и Славчо Мирчевски во скок во далечина , и бронзен медал за Јованче Јанковски во скок во височина.
Покрај нив на натпреварот учество земаа и Валбона Селими , Славе Коевски , Мартина Мироска и Ѓорѓи Кузмановски.
Настапите на нашите репрезентативци не запираат овде , тие веќе започнаа повторно со натпревари кои ќе завршат утре.(Крај)
извор: АФ на Македонија фото:АФМ