февруари 19, 2017

Охрид/Скопје, 19. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поголема заштита на домашното растително производство, е причината поради која Македонија од 1 јуни годинава ќе почне да издава нови фито сертификати.

Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка која ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а покрај основните информации, прикажани на македонски и на уште пет други јазици, имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.

Како што велат од инспекторатот, новите сертификати ќе овозможат максимална заштита на домашното растително производство.

Минатата година, информира, биле издадени 24.000 сертификати, од кои 20.000 за извоз и 4.000 за реекспорт, што значи дека се извезени 27.712 пратки со вкупна тежина од 360.000 тони, 4.000.000 садници и 6.616 метри кубни дрвен материјал. Лани се реекспортирани и 5.000 видови производи со тежина од 60.000 тони. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука