Барселона, 27. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на Примера, тимот на Барселона сака дополнително да ги засили сопствените редови веќе во јануари.
Главна желба за засилување на тренерот Ернесто Валверде е одбраната, но има намери да донесе освежувања и во средниот ред. Реномираниот весник „Марка“ ја откри листата на петте можни засилувања на Каталонците.
На нејзе се наоѓаат по еден Французин и Русин, како и тројца фудбалери од Германија. Прва желба е Озил од Арсенал, а потоа и двоецот од Шалке, Макс Меиер и Леон Горецк.
Интерес има и за голгетерот на Лион, Набил Фекир, а големо изненадување помеѓу желбите на Барселона е Русинот, Александар Головин. (Крај)
извор: Спортклуб фото: архива
Прочитано: 25