јануари 1, 2020

Охрид, 1. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Новогодишната ноќ, на целото подрачје на СВР Охрид помина мирно и без инциденти.

Од СВР Охрид информираат дека на територијата на Охрид, Струга,Вевчани, Кичево и Дебар е регистрирана стабилна и поволна безбедносна состојба.

– Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и нема случени сообраќајни незгоди, додаваат од Секторот.

Територијалната противпожарна служба дежурството го мина мирно без ниту една интервенција. Но, за разлика од нив, полни раце работа за екипите на Службата за итна медицинска помош. Тие примале пациенти и повици во текот на целата ноќ, интеревенирале и на терен. Најмногу од интервенциите се однесувале на претерано консумирање алкохол, како и повреди настанати во пијанство. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука