Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ја испраќаме старата година и ја пречекуваме новата 2025 година за која верувам дека ќе биде просперитетна за сите нас и посветеното и одговорно работење ќе вроди со плод, порача во новогодишното обраќање градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Живееме во древниот Охрид, лулката на Европската цивилизација. Во годината која е зад нас реализиравме многу проекти кои се за доброто на Охрид и охриѓани. Го решивме најгорливиот проблем на општината, го завршивме процесот на раздолжување и да ја одблокираме банкарската сметка, истакна Пецаков во обраќањето.
Тој додаде дека имаат големи обврски пред себе и дека како локална самоуправа се подготвени истите да ги реализираат.
– Да ни е среќна и бериќетна Новата 2025 година, посака првиот човек на Охрид, градоначалникот, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива