март 13, 2017

Охрид/Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Книгата поезија „Извештаи на рисот“ од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски, во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, се најде во изборот на изданија на kupikniga.mk.

Читателите ќе можат меѓу останатите изданија од македонски автори, да ја читаат и најновата книга на Ѓорго Димоски.

Изданието е проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. Книгата на 44 странци содржи дваесетина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси.

Книгата претставуваа метафоричко­алегориски однос кон актуелното време, пред се врзано за нас самите. „Извештаи“ како строго полициски термин и „Рисот“, амблематичен лирски субјект кој што е симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, тајновито присутен во сенчестите агли на недопрените гори, но кој исчезнува или веќе е исчезнат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука