Охрид, 15. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Потонатото кајче, трската, рипчињата, Кеј Македонија, Охридско Езеро… Вака го опишува своето најново видео познатиот охридски нуркач Никола Паскали од Нуркачкиот центар „Акватек“.
– Ново видео од убавините на априлското сонце подвода со малку пластика која за жал е неизбежен декор од секоја наша природна убавина. Уживајте. Температурата на водата е 10°С, потенцира Паскали.
Покрај ваквите промотивни видеа за Охрид, членовите на „Акватек“ редовно спроведуваат бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек
Прочитано: 18