март 21, 2018

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Уште едно збогатување на книжниот фонд во текот на овој месец во библиотеката „Григор Прличев“.

Љубителите на пишаниот збор може да изнајмат некој од следниве наслови: „Македонија”, „Лексиката на македонската традиционална култура” од Лилјана Макаријоска, „Македонската песна на далечните меридијани” од Роска Бадева, „Хрестоматија” од Ленка Попоска-Гогоска, „Култура и книжевност” од Иван Џепароски, „Модели на поврзаност на тероризмот и на транснационалниот организиран криминал” од Тања Милошевска, „Дали 21 век и припаѓа на Кина?”, „Талози” од Фима Клетникова, „Слободата на животот” од Ени Пејсон Кол, „Либерализмот во Македонија” од Невен Радически, „Домот на Александар” од Митко Маџунков, „Млада Еда” од Снори Стурлусон и „Училница за глума” од Татјана Гогоска, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука