април 8, 2017

Охрид, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Можеби токму Вие сте среќникот, кому оваа сабота ќе му бидат вратени парите од купувањето кое сте го реализирале во некој од „Тамаро маркетите“.

И денес слушајте и и гледајте ја емисијата со несекојдневен концепт – „Ги плаќаме Вашите сметки“ со актерот Стрезо Стаматовски, која се емитува секоја сабота во 10 часот, во живо на Супер радио и на регионалната О2 телевизија.

Нова можност за нови награди охриѓани имаат и денес. Потенцијалните кандидати можат да го искористат правото на „поврат на парите“. Оваа наградна игра се однесува на сите кои купуваат производи во некој од „Тамаро“ маркетите во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производи од „Жито лукс“.

Сметката треба да се остави заедно со податоците во посебно обележаните делови во маркетот или да се испрати на електронската пошта [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook.

Двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници, кои ќе имаат време од 10 минути за да дојдат во студиото на Супер радио и да си ги подигнат парите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука