Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Мотоциклистичка федерација на Република Македонија. од 6-ти до 8-ми септември се реализира 32. издание на мото-релито „Македонија независност“.
Моторџиите го започнаа релито во саботата, на 7-ми септември во 10:00 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје, по што трасата на првиот ден предвидуваше возење по патеката: Куманово-Кратово-Пробиштип-Кочани-Виница-Берово-Струмица и ноќевање во Дојран.
Вториот ден се возеше на патеката: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола-Ресен Галичица и ноќевање во Охрид.
Третиот ден се тргнува од Охрид кон Кичево-Стража-Гостивар-Тетово и финиш на плоштадот „Македонија“ во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 89