Ливерпул, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела ќе биде објавен нов документарен филм за легендарните „бубачки“ од Ливерпул – култните „Битлси“.
Според најавите, во филмот ќе бидат прикажани сцени од концерти на 10 групи кои свират песни на ливерпулската четворка од различни делови на светот. Во него ќе бидат емитувани и ретки снимки со групата, интервјуа и лични приказни на фанови.
Наратор во филмот ќе биде Џулија Баирд, полусестрата на Џон Ленон.
Според креаторите на филмот Стив Исон и Џон Скотфилд, целта на нивното дело била да се зачува наследството на култната група и се` она што тие го оставиле не само во музиката, туку и во современата поп култура воопшто.
– Идејата за филмот дојде откако бев во Ливерпул пред неколку години со еден мој пријател кој свиреше песни на групата, облечен како Џон Ленон, изјави Исон. „Требаше да ги раскажеме овие приказни“, додава тој. (Крај)
извор: ОхридПрес/BBC фото: архива