Охрид, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нов документарец за животот и наследството на Avicii, или Tim Bergling, пристигнува на Netflix на крајот на годината.
Филмот се вика „I’m Team“ и се очекува да излезе на 31-ви декември и ја раскажува приказната за Avicii, неговиот живот и кариера, со досега необјавени снимки.
Документарниот филм е во режија на шведскиот новинар и режисер Henrik Burman ќе биде објавен повеќе од шест години по смртта на Avicii, и се фокусира, меѓу другото, на неговиот последен настап на Ibiza, во клубот Ushuaïa.
– Ова е неверојатна приказна за Tim, срамежливо и несигурно момче кое одеднаш стана еден од најомилените уметници во светот, се вели во синопсисот на филмот. Шведскиот продуцент и Dj си го одзеде животот во април 2018 година, на 28-годишна возраст, додека беше на одмор во Oman.
Пред неговата смрт, Avicii отворено зборуваше за тоа како турнеите сериозно влијаеле на неговото ментално здравје.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива